МТЕЛ станува официјален партнер на Пасворд Продукција

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ и Пасворд Продукција договорија соработка со која компанијата станува официјален партнер и поддржувач на настаните во организација на продукциската куќа.

Прв настан кој што ќе се одржи под покровителство на МТЕЛ е музичкиот фестивал Д фест.

Генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ на прес конференцијата по повод договорот за партнерство истакна дека во Д Фест компанијата препозна вистински културен бренд и за МТЕЛ е особено задоволство да го поддржи настанот во улога на спонзор.

 „Д фест е настан пред се наменет за младите и тоа е причина повеќе поради која навистина сме горди за оваа соработка, како компанија да поддржиме нешто што навистина им значи на младите. Се надеваме дека нашата поддршка ќе помогне во обезбедување на квалитетна музичка програма, организација и логистика, како и дополнителни активности со кои присутните на фестивалот навистина ќе уживаат. Се радуваме за можностите што ова партнерство ќе ги создаде и за фестивалот и за нашата компанија. Но, секако оваа соработка со Пасворд продукција не застанува само на Д фестивал, среќен сум што може да информирам дека МТЕЛ ќе биде официјален партнер на сите настани во организација на Пасворд меѓу кои Таксират и ПИН конференцијата“, рече генералниот директор на МТЕЛ.

Благодарение на соработката со МТЕЛ, Пасворд Продукција за Д Фест организира акција „4+1“ за сите над 30 години, а за деца до 10 години влезот ќе биде бесплатен. Благодарение на поддршката на МТЕЛ, Пасворд Продукција оваа година ќе обезбеди 20 новинари да ги следат случувањата на Д фестивал со цел медиумска покриеност и развивање на медиумската култура.

„Ова е нешто околу нашите новитети кои сакаме да ги воведеме благодарение на нашите партнери од оваа година. Секако, освен Д Фестивал, во соработката ги споменавме и нашите други деца Таксират фестивал и ПИН Музичката Конференција. Таксират фестивалот годинава го очекува своето 26-то издание. Таксират ќе започне годинава со отварањето на ПИН Музичката конференција, па следува соло концертот на Апокалиптика, секако и главната Таксират вечер како секој 7-ми декември. Наскоро, ги најавуваме уште три соло концерти кои ги организираме во склоп на Таксират годинава“, истакна извршниот продуцент на Пасворд Продукција, Логин Кочишки.

Д Фестивал се организира веќе 14 години и во тој период брои повеќе од 130 илјади посетители кои биле забавувани од над 400 артисти. Д фестивалот оваа година ќе се одржи од 28 до 30 јуни во Дојрансо 11 звучни имиња од музичката сцена. Покрај богата музичка програма организаторите предвидуваат и најразлични активности за сите возрасти и генерации во текот на фестивалските денови.

ПР објава