Му го расипа бракот на брата си, ги мачеше љубовниците, а судот го ослободи: Рајан Гигс бесрамно се враќа да собере повеќе пари

Фото: youtube printscreen

Некогаш сите врати му беа затворени на Рајан Гигс поради скандалите што ги имаше, а сега судот ги отфрли сите обвиненија против него, а тој на голема врата се враќа во светот на фудбалот

Рајан Гигс некогаш беше еден од најпопуларните и најуспешните фудбалери. Имаше сѐ – успех, одлична спортска кариера, пари, изглед, убава сопруга, но потоа уништи сѐ и си ги затвори сите врати за себе.

По многубројните скандали, насилничко однесување и обвинувања од поранешните љубовници, тој се повлече од очите на јавноста, но сега сака на големо да му се врати на фудбалот, откако беше ослободен од сите обвинувања за грозоморно злоставување. Сега да се врати во кариерата, веројатно како менаџер и тренер, бидејќи како што вели, има „незавршена работа во играта“, пишува „Mail Sport“.

Афера која го шокираше светот

Целиот свет беше шокиран кога во 2011-та година беше откриено дека Рајан Гигс осум години бил во врска со Наташа Гигс, сопругата на неговиот брат Родри Гигс. Тие беа заедно пред свадбата на Родри, а Наташа откри дека пред свадбата го абортирала детето на Рајан. Родри Гигс не крие дека до ден денес не разговара со својот брат и дека е „толку лут што би можел да го прегази со автомобил ако го види на улица“.

Работите малку се смирија, или така изгледаше во јавноста, а потоа Кејт Гревил го тужеше Рајан Гигс за малтретирање.

„Ми ја зеде чантата за лаптоп и ми ја фрли во глава“, го опишала нападот врз неа во хотелската соба, а потоа додала дека толку силно ја удрил во грбот што паднала од креветот на подот. Таа тврди дека Гигс ја извлекол надвор од собата, за да ја пушти да се врати по 10 минути. После тоа имале сексуален однос. На детективите им кажала дека инцидентот се случил затоа што го обвинила Гигс дека удирал по други девојки во нејзино присуство, пишува „Wanted“.

После тој ќе ѝ раскинеше, а потоа таа ќе му се извини. Потоа би ја удрил, а таа вели дека се чувствувала како тоа да е нејзина вина.

Кејт откри дека го запознала Рајан во 2013-та година кога работела во ПР компанија на која тој бил клиент. Имаа афера додека Гигс сѐ уште беше во брак со Стејси Кук, а се започна кога нејзината мајка ја молеше да побара од фудбалерот да ѝ се потпише на дресот. Таа поради него се разведе, но набрзо почнаа првите знаци на проблематично однесување.


Кога не можела да се најде со него веднаш штом ќе ѝ се јави, ја нарекувал кучка и ја обвинувал дека има љубовници. Тој ѝ праќал пораки со сексуална содржина, а потоа ја уценувал со заеднички видеа.

„Ќе дојдеше кај мене наутро, ќе имавме секс, а јас имав чувство дека ме користи само за тоа. Никогаш немало момент кога не сакал. Ќе дојдеше кај мене на секс, а потоа ќе одеше во Барселона со друга девојка“, изјави Кејт.

По неколку години издржување на тортурата на Гигс, кога нашла докази за афери со уште осум жени во неговиот „iPad“, Кејт смислила план да избега од него и во 2022-ра година се обратила до полицијата и судот.

И покрај сѐ, сите обвиненија против Гигс се отфрлени и тој се подготвува да направи големо враќање во кариерата. Како?!

Се шпекулира дека дебело ги платил бившите партнерки за да молчат за сѐ, но се разбира, за тоа нема официјални потврди.

Извор: stil.kurir.rs