Му се може: Новиот луксуз на Абрамович има и противракетен состав
Боингот 767-33A е исто толку отпорен на ракетите како и 'Air Force One'. Персонализиран е со позлата, спална соба со брачен кревет, комплетна кујна и сала за банкети за 30 лица.
Рускиот милијардер кој го однесе Челси на врвот на Европа, Роман Абрамович (53), тежи 12 милијарди долари и живее во голем страв од некого или нешто затоа што тој потроши 80 милиони од тоа богатство на неговиот трет Боинг кој има анти-балистички безбедносен систем идентичен со тој во кој лета и американскиот претседател Доналд Трамп (73).
Што ќе му еотпорниот ракетен авион само Абрамовиќ си знае. Русинот дополнително го украси својот Боинг 767-33А со позлата, спална соба со брачен кревет, комплетна кујна и сала за банкети за 30 лица. И му даде на авионот име: „Бандит“.
И во овој случај, само Абрамович знае дали тоа има врска со Трамп.
Роман веќе има еден Боинг 767-300 и еден Боинг 767-700. Сè на сè, неговата флота е во вредност од над 200 милиони долари. Јахтата 'Eclipse', која го посети Дубровник пред неколку години, вреди над 200 милиони евра.
Другите два „Боинг“ авиони на Абрамович се повеќе деловни, имаат конференциски простории и повеќе еднокреветни спални соби, но тие ги нема никаде на тоа „високо-технолошко“ ниво како „Бандит“, каде екипажот и патниците нема да се плашат од проектили од земја- воздух и слични непријатни непријатели.