Муамед Сејдини: Човекот кој танцуваше со топката, засекогаш ќе остане во сеќавањето на сите во фудбалскиот свет
Почина Пеле, легендарниот Бразилец кој долго се бореше со ракот, на 82 години не напушти...
Тоа што Пеле го остави зад себе засекогаш ќе остане запишано во историјата на фудбалот, беше вистински „магионичар“ со топката и на теренот.
Повод смртта на Пеле, се огласи и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини кој напиша:
„Човекот кој танцуваше со топката и направи фудбалот да изгледа толку лесен за играње и интересен за гледање. Неговата 10-ка засекогаш ќе остане во сеќавањата на сите вљубеници во фудбалот“, напиша Сејдини на фејсбук.
Седумдневна жалост е прогласена во сојузната држава Сао Паоло, додека џиновскиот споменик на Исус над Рио де Жанеиро свети во зелената и жолтата боја на националното знаме.