Мукаетов: ЕУРО е шанса за промоција на Македонија, ракометот да оди напред, навивачите да им помогнат на девојките
Македонија следниот месец е еден од домаќините на Европското ракометно првенство во женска конкуренција.
Најдобрата женска ракометна репрезентација е во група со со Франција, Романија и Холандија.
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денес го најави шампионатот како можност за промоција на државата, развој на ракометот.
„Благодарност до сите, сакам да продолжиме да работиме заедно, како и досега, за доброто на македонскиот ракомет. Организатори сме на Европско првенство, натпреварите да одиграме со срце, за Македонија, се надевам дека навивачите ќе дојдат во што поголем број, да им дадеме поддршка на нашите девојки на ова првенство. Верувам дека ќе докажеме дека сме добри домаќини и дека Македонија е подготвена да направи нешто специјално и да покажеме што значи спортот број еден во нашата земја“, рече Мукаетов.