Мурињо ги воодушеви навивачите на Рома со една изјава, ама ги разочара на Интер
Со голот на Заниоло, Рома запиша победа против Феенород и стигна до титула во Конференцсикта лига.
Ова беше посебен ден за Жозе Мурињо, стигна до 5-та титула во европските натпреварувања, во пет различни европски натпреварувања, во Лигата на шампионите (двапати), Купот на УЕФА, Лига Европа и сега во новоформираната Конференциска лига.
Португалецот по триумфот во Тирана со изјава која ги воодушеви навивачите на Рома, тој е „романиста“, можеби ги разочара навивачите на Интер кои го сметаат за „свој“.
„Ги одбивам сите можни понуди, ги има, има и шпекулации, но со сета почит кон сите клубови кои сум ги тренирал, но јас сум романиста! Останувам тренер на Рома. Ова што го направив е историја за Рома, но и историја за мене, тоа е нешто неверојатно во мојата кариера“ – изјави Мурињо.