Спорт // Спорт
Мурињо го промени радикално изгледот: Кога се разбудил, веќе било доцна
Честопати, Жозе Мурињо нè изненадува со неговото однесување, без разлика дали е на фудбалскиот терен или надвор од него.
Неговото враќање во Премиер лигата мина без многу помпа, но сега изгледа дека португалскиот селектор реши малку да го смени имиџот.
Бидејќи стрижењето тргнало во лоша насока, тој направи прилично радикален потег - реши да ја истрижи косата скоро до скалпот.
"Заспав во фризерското столче. Кога се разбудив, изгледаше толку лошо што му реков на фризерот да ја скрати косата. Се надевам дека мојата коса брзо ќе порасне", рече Мурињо во интервју за Sky Sports за својата нова фризура.