Музејот на одвратна храна во Малме: Наместо билет, добивате вреќа за повраќање
Музеј на одвратна храна во Малме
Една од најинтересните работи во Малме е дефинитивно одењето во Музејот на одвратна храна, резервиран само за најхрабрите.
Отворен во 2018 година, овој музеј е главна атракција во Малме, а на TripAdvisor, Музејот на одвратна храна е рангиран на #1 на листата од деведесет и четири работи што треба да се прават во Малме.
Што е изложено?
Музејот е посветен на храната од целиот свет, која на некои луѓе им е одвратна или одбивна, а моментално има над 80 експонати од храна и пијалоци кои посетителите можат да ги видат, мирисаат и ако се доволно храбри, да ги вкусат.
Интересно е што наместо влезен билет, посетителите овде добиваат вреќа за повраќање, што веќе на самиот почеток дава навестување дека има нешто навистина одвратно во овој музеј.
Што има во него, сигурно се прашувате? За почеток, тука е Surströmming, ферментирана шведска харинга која се смета за една од најсмрдливите намирници во светот (наводно мириса на гниење), како и casu marzu, сирење полно со живи црви од Сардинија.
Сепак, тоа не е се. Друга храна вклучува дуриан, познато смрдливо овошје од Тајланд, пенис од бик, печени заморчиња од Перу, смрдливо тофу од Кина, сушени смрдливи бубачки од Зимбабве, кунгу торта направена од мелени муви, пржени скакулци, сок од жаба и вино од глушец, стомна на оризово вино со бебе од глодари.
Овој музеј е отворен секој ден од 11 до 17 часот, а можете да влезете до 16 часот. Цената на билетот е 19 евра за возрасни, 15 евра за студенти и пензионери, 7 евра за деца од 6 до 15 години, а за деца до 6 години влезот е бесплатен.