My Cro Account - Онлајн плаќање и брз и едноставен увид на состојбата на полисите
Ковид-кризата донесе неизвесност во осигурителниот сектор, како и во целата економија. Од друга страна, свесноста за потреба од осигурување сè повеќе се зголемува во овој период. Пандемијата нѐ увери дека треба да го планираме животот и да си обезбедиме иднина.
Осигурувањето на животот истовремено ни овозможува осигурување на животот и штедење. Со штедењето инвестираме во иднината и обезбедуваме финансиска сигурност за нас и за нашето семејство. Дополнително, по одреден временски период за кој сме ја направиле полисата, осигуреникот има можност да ги користи финансиските средства за патување, за реновирање, за едукација во зависност од животните приоритетите, кои секој еден од нас ги има.
Клиентите на Кроациа Осигурување - Живот пронајдоа вистински партнер, па ќе можат слободно да вложуваат во полиса за животно осигурување знаејќи дека нивните средства се безбедни и дека обезбедуваат финансиска сигурност за најблиските при несакани настани или тешки животни ситуации, токму кога имаат најголема потреба од тоа.
Веб-страницата овозможува постојано да бидете во тек со сите активности и проекти што ги презема Кроациа Осигурување, како и да се запознаете со осигурителната програма на водечката осигурителна компанија за животно осигурување во земјава. „My CRO Account“ e онлајн апликација, односно веб-интегрирано решение, кое овозможува интернет-плаќање и следење на состојбата на полисите.
„My CRO Account“ апликацијата овозможува онлајн плаќање на полисите, следење на достасаноста на ратите, следење на датумот и износот на извршените уплати, увид во вкупно уплатените средства, извештај за вложувањата на средствата од капиталот и резервите на Кроациа Осигурување - Живот.
До „My CRO Account“ апликацијата можете да пристапите преку интернет страницата apps.cro.mk , а со регистрација можете да дојдете до сите неопходни информации. На овој начин постојано ќе бидете во тек со состојбата на својата полиса.
Олеснете си го начинот преку кој доаѓате до информации и регистрирајте се на „My CRO Account“ апликацијата!
ПР објава