МЗТ Скопје Аеродром делуваше убедливо против Гостивар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм успешно ја продолжуваат трката за првото оместо на табелата. Беа подобри од само мотивираниот Гостивар 78:55, стигнаа до убедлива победа која ги оддржува на чекор зад лидерот Пелистер.

Ударнички го „одработија“ 1 мај кошаркарите на МЗТ Скопје дуелот со особено мотивираниот состав на Гостивар. Уште еднаш, по кој знае кој пат покажаа дека со право се надеваат дека заедно со Пелистер се најквалитетната екипа во лигата, и оние шест кои се дел од Суперлигата.

Беа далеку покавлитетен и подобар ривал во однос на гостинот од Гостивар.

Таква најава испратија уште во воведните минути од натпреварот во СЦ „Јане Сандански“. Уште во првата четвртина се одвоија на сигурни (22:13), кои до полувремето ги „покачија“ на (38:24).

Ниту по одморот избраниот тим на Александар Петровиќ не престана да притиска, и да го скрши отпорот на упорните гостиварци. Особено добро делуваа во одбраната која дозволи само осум противнички поени во третиот период, по кој стана јасно дека МЗТ Скопје ќе стигне до уште еден планиран триумф.

Ефремовски постигна 13, новото лице во тимот од Гостивар, Кахем Рансом даде 12, а Гетлинг имаше уште десет реализации, премалку да му се парира на првакот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

 СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Пелистер – Еуро Никел 2005  100:83

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар  78:55

ТФТ – Феникс 2010          85:74

ТАБЕЛА: Пелистер 23-3, МЗТ Скопје Аеродром 22-4, Еуро Никел 2005 16-10, Гостивар 14-12, ТФТ 15-11, Феникс 2010 13-13;


За нив 22, во 26 одиграни натпревари од почетокот на сезоната.

Со 14. реализации Били Ајви беше прв стрелец во победничката екипа и најави дека со право бил изборот на „металците“ за засилување во Суперлигата и плеј-офот.  Во добро избалансираниот напад на „сино-белите“, Војдан Стојановски даде 13, Рикиќ 11, а Дамјан Стојановски уште 10.поени.