МЗТ Скопје ќе бара нов тренер, спогодбено ја прекина соработката со Петровиќ
По серијата порази во АБА, меѓу кои беа двата на домашен терен против директните конкуренти за опстанок, Борац Чачак и Сплит, управата на МЗТ Скопје и тренерот Александар Петровиќ се договорија предвреме да ја прекинат меѓусебната соработка.
МЗТ Скопје потврди дека ќе бара нов тренер, а искусниот стратег својот трет мандат на сино-белата клупа го почна во март годинава и го заврши по чериси десет месеци на клупата.
Петровиќ минатата сезона ја одбрани домашната титула, а во АБА2 обезбеди промоција и покрај поразот во финалето на завршниот турнир против Златибор. Сезонава во Првата лига оствари учинок 9-1, но во јадранската конкуренција тимот оствари само две победи во вкупно 12 средби поради што е последнопласиран на табелата.
„На Петровиќ му благодариме за сѐ што направи на клупата на нашиот клуб и му посакуваме среќа во понатамошната кариера. Потрагата по неговата замена веќе е почната, а со оглед на обрските кои нѐ очекуваат во домашна и регионална сцена, веруваме дека името на новиот тренер ќе можеме набрзо да го објавиме“ - објави МЗТ Скопје.