МЗТ Скопје загуби од Црвена Звезда, тренерот Петровиќ задоволен од дел од играта на своите момци
Со три четвртини во кои МЗТ Скопје беше речиси во егал и со само еден период во кој противникот доминираше (13-26) и во кој дојде до убедлива предност, тимот од скопската населба Аеродром, со пораз стартуваа на гостувањето кај Црвена Звезда (67-87) во АБА-лигата.
Тренерот Александар Петровиќ, кој по средбата му честита на противникот, но искажа и фалби за своите избраници, особено во еден посебен сегмент од играта.
„Одигравме колку што можевме против силен евролигашки тим. Бевме подобри во играта во одбрана отколку во нападот. Офанзивно затаивме во одредени моменти, имавме пропусти, но и покрај тоа сум задоволен, најмногу од односот на играчите. Го контролиравме скокот, но имавме повеќе загубени топки, што искусен тим како Ц. Звезда ги искористи и тука ја гледам причината за поразот. Игравме без двајца играчи, Еван Максвел и Адем Мекиќ, кои се повредени, но еден од нив двајца очекувам да ни помогне против Партизан“, изјави Петровиќ.
Следно за МЗТ Скопје е дуелот со Партизан, во „Јане Сандански“ и тоа на 10 октомври, на затворањето на втората рунда од јадранското натпреварување.