На чекор сме до чип во човечкиот мозок: Илон Маск ги откри деталите
Веста пристигна од самиот милијардер во текот на интервјуто во живо на самитот на советот на извршниот директор на „Волстрит Журнал“ во понеделникот, на прашањето за плановите на компанијата за 2022 година.
„Неуралинк добро функционира кај мајмуните и ние всушност правиме само многу тестирања и само потврдуваме дека е многу безбеден и сигурен начи за уредот Неуралинк да може безбедно да се отстрани“ - кажа Маск.
Најбогатиот човек на светот го исполни своето ветување дека „не поседува дом“. Маск во четвртокот го продаде својот имот во Силицијанската долина за 30 милиони долари, што е за 7,5 милиони долари помалку од првобитната пазарна цена од 37,5 милиони долари кога првпат беше објавено во јуни, според евиденцијата.
„Се надеваме дека ова ќе го имаме кај нашите први луѓе, а тоа ќе бидат луѓето кои имаат тешки повреди на 'рбетниот мозок како што се тетраплегичарите, квадриплегичарите - следната година, до одобрението од FDA. Мислам дека имаме шанси да му овозможиме на некој кој н еможе да оди или користи рацете, повторно да прооди, но не природно“.
Неуралинк на 9 април 2021 година го покажа својот мозочен чип кај мајмуните, што на животните им овозможи да ја играат играта понга користејќи го само својот ум. Уредот во мозокот на животните ги сними информациите за активирање на невронот додека ја играле играта, учејќи ги да ги предвидат движењата кои ќе ги направат.
„Во суштина, мајмунот изгледаше нормално, но телепатски игра видео игра, што мислам дека е прилично длабоко“ - кажа Маск во текот на преносот во живо во понеделникот.
Системот на Неуролинк се состои од компјутерски чип прикачен за ситните флексибилни нишки кои се зашиени во мозокот со помош на робот „како машина за шиење“. Уредот зема сигнали од мозокот, кои потоа ги претвораат во моторни контроли.
Маск вели дека технологијата се покажала како безбедна во мозокот и дека лесно може да се отстрани, така што единствената работа која ја спречува Неуралинк од испитување на луѓето е одобрувањето на FDA.
„Нашите стандарди за имплантација на уредот се повисоки од оние кои ги одобрува FDA, исто како што нашите стандарди за безбедност се многу повисоки од она што го бара американската влада“.
Маск во понеделникот сподели твит повторувајќи ја временската линија за 2022 година, наведувајќи деа напредокот на Неуралинк ќе се убрза кога уредите ќе бидат „во луѓето следната година“.