На дно на езеро во Србија се наоѓа огромно историско богатство: Меѓународен тим експерти не можел да поверува што виделе под вода

Езерото Газиводе е вештачко езеро создадено во 1977 година со преградување ње на реката Ибар во нејзиниот горен тек, а историчарката Невена Ковачевиќ неодамна на страницата на Инстаграм „Патеки на српската историја“ потсети на историското богатство што лежи под неговите води.

„Малку е познато дека Србија имала женско училиште кое во средината на 13 век го создала кралицата Јелена (сопругата на кралот Урош I и мајка на кралевите Драгутин и Милутин). Ова училиште се наоѓало во близина на закрилата на кралицата Јелена - манастирот Градац. Училиштето било потполно бесплатно, а заедно со кралицата монахињите ги учеле девојчињата кои го посетувале. Тука свој двор имала и кралицата Јелена. Сето горенаведено било зачувано до 1977 година, ги преживеал отоманските уривања и многу војни, но комунистичкиот режим не. Сето ова било потопено поради езерото Газиводе и браната, денес под езерото се гледаат остатоците од овие објекти“, изјавила Невена Ковачевиќ.


Женската школа е само дел од историското богатство во длабочините на езерото. Според Википедија, во текот на 2017 и 2018 година, меѓународен тим археолози и научници спроведоа серија подводни истражувања и открија неколку споменици на средновековната српска култура на дното на езерото Газиводе, лоцирано во општина Зубин Поток, на Косово и Метохија.

Најзначајни од нив се: остатоците од палатата на српската средновековна кралица Јелена од Анжу, остатоците од манастирот Чкиље, камбанаријата од 13 век, две средновековни цркви, како и девет римски некрополи.

Фото: Принтскирн/ Јутјуб
Извор:Kurir.rs