Спорт // Спорт
На два прста, за 1 минута- 57 склекови: Се запиша за Гинис
Иако нема позначајни успеси во својата кариера, Ерменскиот каратист Храчик Костандјан, сепак се запиша во Гинисовата книга на рекорди откако успеа да направи 57 склекови и тоа на два прста за само една минута.
Склековите придржувајќи се само на палците од рацете се сметаат за најтешки, па само најспособните може да ги направат, а овој Ерменец успеа да го урне гинисовиот рекорд.