На две нивоа: Прва 3D куќа од ваков тип во Европа (ВИДЕО)

Нема сомнеж дека иднината на градењето е и во 3D печатењето. Низ разни делови од светот веќе се изработија импозантни градби, па дури и велосипеди со оваа техника. Но, најинтересни се куќите.

Најновото нешто во оваа област ни доаѓа од Антверпен, односно од Кампот С во кој неодамна е направен прототип на 3Д печатена куќа на кат, со помош на како што тие велат, најголем 3Д печатач во Европа. Белгискиот потфат е вреден внимание, бидејќи може да го отвори патот на градежништвото во овој дел на светот.

Изработена е со помош на COBOD BOD2 – печатач со големина 10/10 метри, а користена е специјална бетонска смеса која се додавала слој по слој. Човекова сила е користена само за завршните работи, поставување на прозорите и кровот. Куќата со површина од 90 квадратни метри е прва 3Д печатена куќа на две нивоа во Европа.

„Цврстината на притисок на овој материјал е три пати поголема отколку кај класична тула“, вели менаџерот на проектот  Marijke Aerts за NewAtlas, што и не чуди, бидејќи е користен бетон со специјални додатоци.

„Со користење на влакна во бетонот, количеството на мрежаста арматура сведено е на минимум. Благодарение на користење на технологијата на печатење, оплатата стана непотребна, а направена е заштеда од 60 отсто на материјал, време и буџет.

Ентериерот изгледа како типична белгиска куќа, меѓутоа во оваа куќа нема да се живее, туку таа ќе се користи за истражувања на можностите на 3Д печатењето. Куќата се состои од влезен хол, две конференциски сали и кујна.