На Европа и се заканува најлошиот кошмар за љубителите на пиво - Ова не е можно!

Летната сезона штотуку започна, а Европа веќе влегува во криза која може да ги расипе плановите на милиони - недостиг на пиво. Да, добро прочитавте. Ладна половина литар од вашиот омилен пијалок може да стане луксуз ова лето.

И додека многумина очекуваа високите температури да бидат главниот летен предизвик, пристигна веста која ги изненади сите пивопијци: има се помалку пиво, не поради недостаток на јачмен или хмељ - туку поради недостаток на јаглерод диоксид!

Според извештајот на CNBC, голем број постројки за CO2 низ ЕУ се затворени поради редовно одржување - и токму кога не треба. Резултатот? Пиварниците не можат да обезбедат карактеристична карбонизација без која пивото едноставно не е пиво.

Велика Британија го има најлошото сценарио. Тамошните трговци на големо, како Букер, веќе имаат ограничени испораки - максимум 10 кутии пиво по клиент. Дури и Хајнекен ги предупреди пабовите да се подготват за недостиг на Амстел. Многу пабови веќе ги повлекуваат популарните брендови од менито.

Во превод - време е или да се префрлиме на здрава варијанта (читај вода), или да се свртиме кон виното и ракијата, кои - барем засега - се во стабилна понуда. Сепак, признајте, летото без пиво звучи како плажа без сонце.

Во секој случај - пијте ладна вода (барем засега).