На крајот ја најдоа: 4 години затвор за новинарката од Кина која известуваше од Вухан

Иако извесно време ја немаше, сепак ја најдоа.

Независната новинарка Занг Зан е осудена на четири години затвор за известување среде првичната епидемија на коронавирус во Вухан, Кина.

Властите веруваат дека со извесувањето, таа придонела за ширење паника и предизвикување расправии, објави klix.ba.

Занг Зан во февруари пристигна во Вухан, за да извести за избувнувањето и ширењето на вирусот ковид-19, во време кога властите се обидуваа да го спречат влијанието на приватните и државните медиуми.

После тоа, таа целосно се повлече во мај, но подоцна беше идентификувана во Шангај, каде беше пронајдена и уапсена.

Таа е обвинета за кривично дело наметнување кавги и предизвикување проблеми, што обично се користи за мета на новинари и активисти за човекови права.

Занг е првата новинарка за која се знае дека е осудена за нејзината улога во известувањето за пандемијата на коронавирусот, пишува Си-Ен-Ен.

Фото: Tanjug/AP Photo/Kin Cheung