На природен начин до сила и енергија: Не ги заобиколувајте овие намирници

Вклучите ги овие намирници во вашата исхрана оваа сезона што е можно почесто ...

Имате на располагање многу намирници кои се сезонски и многу добри за имунитет и за подигнување енергија. Искористете ја оваа храна која е богатство на витамини.

Цвекло

Широко познат како најдобар лек против анемија, го штити црниот дроб и го намалува крвниот притисок. Со конзумирање цвекло, ќе ги „елиминираме“ сигналите за исцрпеност.

Брокула

Само 45 грама брокула му дава на телото 70 проценти од дневната препорачана доза на витамин Ц, и покрај тоа, содржи антиоксиданси кои дејствуваат против разни видови на рак. Само гответе ја кратко на переа, бидејќи долгото готвење уништува важни хранливи материи.

Јаболко

Секој знае дека едно јаболко дневно штити од „одење на лекар“, поради високата содржина на витамини. Јаболката го зајакнуваат имунитетот, спречуваат настинки и го намалуваат ризикот од инфекција на респираторниот тракт. Тие успешно го намалуваат холестеролот, и поради содржината на пектин, помагаат во детоксикација на телото, одржувајќи ја рамнотежата на цревната флора.

Круша

Омиленото есенско овошје содржи голема количина витамин Б, што ни помага полесно да се справиме со стресот. Крушата е многу корисна во исхраната на дијабетичарите, бидејќи има висока содржина на влакна и помага да се спречи дијабетес. Тие се добри за стомакот и срцето, бидејќи го регулираат и нивото на холестерол во крвта.