На продажба хеликоптерот на Доналд Трамп: Каков луксуз

Доналд Трамп остана без титулата претседател на Соединетите држави и додека полека се спакува да ја напушти Белата куќа, ќе мора да остави неколку работи зад себе

Една од тие работи е неговиот иконски хеликоптер Sikorsky S-76B, кој всушност ги има три.Трамп е редовен корисник на приватни авиони и хеликоптери долги години, а сега е достапен на продажба еден од неговите омилени модели, гореспоменатиот Сикорски, со цена од 2.800.000 долари.

Претседателот го користеше хеликоптерот неколку пати, па затоа тој едноставно плени од неговиот луксузен стил, со кожни седишта, златни детали и акценти на африкански махагони. Во внатрешноста на хеликоптерот има кабина со шест седишта, со панели и систем за звучна изолација. Постојат и фиоки за мраз и освежителни пијалоци, штандови со списанија и прекрасни подови со мокет.

Современиот хеликоптер веќе се појави на телевизија, како дел од емисијата на Си-Ен-Би-Си „Тајни животи на супер богатите“. Како што дознаваме, хеликоптерот крие околу 6.259 часа лет.