На првиот состанок добила дијамантска алка и визит карта: Љубовта приказна на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ
Денес, 24 години години, нивната бајка и понатаму трае...
Пејачката Драгана Мирковиќ е една од најголемите музички ѕвезди на овие простори.
Родена е на 18 јануари 1968 година во Касидол, во село кај Пожаревац, а и ден денес се знае на кого се мисли кога се вели „доаѓа од Касидол“.
Израснала во големо семејство, со баба ѝ, дедо ѝ, родителите и постарата сестра Душица и секогаш истакнува дека има среќно и безгрижно детство.
Сакала да го слуша дедо ѝ Драгутин кој свирел хармоника, а првата песна ја научила на 5 години. Тоа било песната „Девојка соколу зулум учинила“.
„Се сеќавам, пеев и плачев. Ми беше многи жал за соколите кои изгореле кога девојката ја запалила шумата“ - откри пејачката пред неколку години.
Уште во основно училиште нејзиниот талент дошол до израз, па често настапувала на училишните приредби и натпреварувања.
Сепак, сонувала по студиите по англиски јазик да стане туристички водич и да го пропатува светот.
Сепак, судбината сакала да биде поинаку, па луѓето од дискографската куќа „Дискос“ дошле кај нејзините родители за да побараат дозвола Драгана да сними песна во Белград, бидејќи тогаш била уште малолетна.
Нејзиниот татко бил шокиран и се согласил само под услов прво да го заврши основното образование.
„Немојте луѓе, како Бог ве молам! Па таа уште нема завршени ни училиште“ - им кажал таткото на Драгана.
Својот прв сингл „Имам дечка немирног“, Мирковиќ го снимила на 15 години и со него започнала нејзината блескава кариера.
Набрзо потоа излегол и нејзиниот прв албум, познат по хитовите „Утеши ме, тужна сам“, „Знам да носим прстен твој“, „Хеј младиќу, баш си шик“, кој е продаден во повеќе од 150.000 примероци.
Драгана не била свесна за својот успех и само сакала да се врати на школувањето. Сепак со оглед на тоа што нејзиниот талент бил препознаен ширум Југославија, тоа било невозможно, па вонредно завршила Трговско училиште во Босна и Херцеговина.
До 18 години, татко ѝ одел со неа на сите настапи и снимања, а потоа почнала да настапува со групата „Јужни ветар“.
Следувал периодот на нејзините најголеми хитови кои ден денес се пеат и може да се каже дека 80-тите и 90-тите години од минатиот век, биле нејзиниот најплоден период.
„Спаси ме самоќе“, „Кад би знао како чезнем“, „Не веруј им, среќо“, „Шта ќемо бити“, „Или она или ја“, „Доѓи и реци да ме волиш“ и уште многу други песни ѝ помогнале да ја добие титулата најпопуларна млада ѕвезда во Југославија.
Албумот „Помисли жељу“ од 1990 година е прогласен за најпродаван албум во поранешна Југославија и Бугарија, со што Драгана Мирковиќ стана балканска ѕвезда, а тој статус до тогаш го имала само Лепа Брена.
Четири години подоцна, Драгана Мирковиќ го сними и филмот „Слатко од снова“, кој постигна голема популарност, а во својата кариера се појави во уште еден филм - „Slumming“ од 2006 година.
Драгана Мирковиќ ги има освоено сите награди и признанија кои можеле да се освојат, а во нејзината кариера која оваа година полни 39 години, снимила 23 албуми.
Како што признава и самата, во моментот кога била на врвот на својата кариера, поради љубовта се повлекла од музиката.
Имено, кон крајот на 90-тите, на концерт во Виена го запознала бизнисменот Тони Бијелиќ.
„Тони го запознав кога дојдов во Виена да одржам два концерти. Концертот требаше да биде еден во низата од илјада веќе одржани, не ми ни падна на ум дека ќе се случи нешто посебно. Во хотелот по мене доаѓа организаторот, гледам не е сам, со него е некое момче, искрено, забележав само дека е високо. Како што се испостави, на организаторот му се расипал автомобилот, па по мене дојде со Тони. Го испеав концертот, ме вратија во хотелот. Следниот ден следуваше следниот концерт, а Тони повторно дојде по мене, иако организаторот го имаше поправено автомобилот. Тогаш имав можност да го погледнам малку подобро. Го завршив и тој втор концерт, ме вратија во хотелот...“ - раскажа Драгана во една прилика.
Следниот ден добила повик за кафе од Тони, кој сакал да ѝ подари нешто.
„За тие два дена видов дека момчето е сосема океј, и дека нема да дојде до непријатна ситуација. Покрај сето тоа, секако требаше да ја напуштам собата. Во тој момент и роднините требаше да дојдат по мене, но поради гужвата во градот доцнеа полни два часа. Тоа јас би го нарекла судбина“ - кажа пејачката и продолжи:
„Кога дојде да ме види, изговор дека ми донел некој подарок, му се заблагодарив и му кажав дека немало потреба. Мислев дека е во прашање некој парфем. Се изназборувавме, а јас подарокот не го ни отворив. Дури во авионот го отворив, и понатаму мислејќи дека внатре има парфем. Кога го отворив, наместо парфем здогледав дијамантска алка и прстен, малку фалеше да се онесвестам. Ми беше многу непријатно и жал што не го отворив подарокот пред него и не му го вратив. Бидејќи јас сум малку постара од Тони, помислив: „Колку е опасен малиов“. Не ми го побара телефонот, но во ќесичката со подаракот ја ставил и својата визит карта“ - беше искрена Драгана.
Инсистирала да му го врати подарокот, а тој не сакал никако да го прифати тоа, но ѝ кажал дека понекогаш може да го побара за да „ѝ го слушне гласот“.
Во деновите кои следувале, Драгана сфатила дека постојано мислела за Тони, а кога се виделе следниот пат, таа посакала никогаш да не се разделат.
На врвот на својата популарност се преселила во Виена, а за Тони се омажила во 1999 година. Неколку години подоцна призна дека Тони ја запросил во автомобил, на семафори, додека чекале да се пушти зелено светло.
Следната година го добиле синот Марко, а во 2002 ќерката Мануела.
Иако направила пауза во кариерата поради љубовта, на музиката ѝ се врати поради публиката и од тогаш само реди хитови.
Драгана и Тони оваа година ќе прослават 24 години љубов.
фото: Принтскрин / Инстаграм