На руските научници кои ја направија атомската бомба им беа забранети две нешта: Објавени тајни документи
На научниците вклучени во создавањето на првата советска атомска бомба им беше забрането да возат за сопствена безбедност, според наредбата од 1948 година издадена од руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“.
Нарадбата важеше за сите научници, без оглед на нивниот статус и вклученост во проектот.
Покрај тоа, наредбата се однесуваше и на возачите на службени возила кои ги превезуваа овие научници - им беше забрането строго да го оставаат воланот на научниците во случај да го побараат тоа, а доколку го сторат тоа, ќе завршат на суд.
Руските медиуми потсетија дека многу внимание е посветено на безбедноста на клучните специјалисти и научници, а за нив е забрането и летање. Наместо тоа, ако би морале да патуваат некаде, ќе им биде доделен специјален вагон.
Оваа одлука е донесена затоа што во два наврати се случило советските научници да доживеат сообраќајна незгода, што ја доведе во прашање реализацијата на проектот.
Почетокот на руската нуклеарна гранка на индустријата беше преземен на 20 август 1945 година, кога советското раководство формираше голем број организации неопходни за развој на нуклеарната индустрија и реализација на советскиот нуклеарен проект.