На сириската прва дама, по ракот на дојка, дијагностицирана и е леукемија

На првата дама на Сирија, Асми ал Асад (48) и е дијагностицирана леукемија, објави во вторникот сириското претседателство, речиси пет години откако објави дека целосно закрепнува од рак на дојка.

Во соопштението за медиумите се наведува дека првата дама ќе биде подложена на посебен протокол за третман кој ќе бара изолација и дека поради тоа ќе мора да бидат прекинати јавните активности.

Во август 2019 година, Асма ал Асад објави дека целосно закрепнала од рано откриен рак на дојка.

Откако Сирија влезе во војната во 2011 година, оваа поранешна инвестициска банкарка, која е родена во Лондон, ја презеде должноста да спроведува хуманитарни настани и да се сретнува со семејствата на загинатите војници, но падна и во немилост на опозицијата.

Тaa раководи со Сирискиот развојен фонд, голема невладина организација за операции за помош и развој во Сирија.

Минатата година таа го придружуваше својот сопруг, претседателот Башар ал Асад, во посета на Обединетите Арапски Емирати, нејзино прво јавно официјално патување во странство во придружба на нејзиниот сопруг од 2011 година.

Потоа ја запознала шеиката Фатима бинт Мубарак, мајката на претседателот на ОАЕ, а тоа патување многумина го сметаат за симбол на нејзината растечка улога во јавните работи.

Фото:Фејсбук
Извор: N1info.hr