На Смарагдниот брег... а таму рај кој го посакувате
Нема многу сопственици на хотели во светот кои слободно можат да инвестираат 250
милиони долари за да создадат уникатно искуство за своите гости…
Но, сепак, за дон Карлос Пељас, Мукул е многу повеќе од првиот луксузен хотел и спа центар во Никарагва. Ова одморалиште гордо ја отсликува својата семејна традиција која се пренесува од генерација на генерација, така што секој гостин се третира како да е дел од семејството Пељас. Слободно можеме да кажеме дека одморалиштето кое зафаќа 1.670 хектари нуди апсолутно најдобри услуги и удобност.
Постојат 37 соби за гости, секоја опремена како луксузна приватна вила, вклучувајќи луксузни апартмани со шест спални соби, како вили на плажа со две спални соби. Сместено на Смарагдскиот брег на Никарагва, ова одморалиште е опкружено со бели песочни плажи и тиркизно сини води, нудејќи им на своите посетители неверојатен поглед на океанот.
Покрај тоа што уживате во беспрекорниот амбиент на одморалиштето, тука можете да уживате и во многуте природни убавини на регионот. Ако сакате да уживате во смирувачка атмосвера, Спа Мукул ви нуди шест искуства во шест различни приватни спа-ложи.
Овде можете да си дозволите убавата природа и третмани целосно да ве опорават и оживеат. Во случај да ви се допаѓа одмор полн со активности, знајте дека тука ве чекаат прошетки низ дождовните шуми и по должината на плажата.
Покрај тоа, тука е и курсот за голф Guacalito со 18 дупки, што е совршено за забава со пријателите и уживање во прекрасна гастрономска понуда. Ако некогаш решите да го посетите регионот на Никарагва, знајте дека овој хотел дефинитивно ќе ве остави без зборови.