На уште еден славен фудбалер му го киднапирале таткото, му се јавил Абрамович: „Сакаш ли да ги испратам моите луѓе?“
„Успеав да платам многу пари за да го ослободам татко ми“, изјави Џон Оби Микел
Рускиот милијардер Роман Абрамович мораше да се повлече од сопственоста на англискиот гигант Челзи по почетокот на руската агресија против Украина, а навивачите на сините денеска носталгично се потсетуваат на неговата ера која ја одбележаа големи успеси и важни трофеи.
Абрамовиќ подоцна се вклучи во мировните преговори меѓу двете завојувани страни, а деновиве поранешниот фудбалер на Челзи, Џон Оби Микел раскажа интересна анегдота поврзана со поранешниот сопственик на клубот од Стемфорд Бриџ.
Имено, за време на Светското првенство во Русија во 2018 година, Микел беше репрезентативец на Нигерија, во тој период по 10 и пол години во Челзи веќе настапуваше во кинеската лига.
Два часа пред мечот со Аргентина, Микел дознал дека татко му бил киднапиран во Нигерија и тоа по втор пат. Првпат разговарал со киднаперите, платил поголема сума пари, а татко му бил ослободен.
- Тоа беше апсолутно шокантно. Првиот пат беше шокантен, но вториот беше уште пошокантен бидејќи требаше да одиграм еден од најголемите натпревари во мојот живот - изјави поранешниот нигериски репрезентативец.
Многу размислувал дали треба да им каже на соиграчите и тренерот што се случило, решил да молчи за тоа и да ја одигра играта.
- За жал, не победивме и потоа им кажав на сите. Тренерот и дел од играчите беа речиси во солзи. Рекоа дека требало да им кажам и не требало да играм.
Тој се присети дека Роман Абрамович, кога дознал за новото киднапирање, му рекол:
- Сакаш ли да испратам луѓе? Затоа што знам, ако испратам луѓе, можам да го извлечам татко ти. Не грижи се како ќе успеам. Само дозволе ми, ако сакаш, можам да го направам тоа - се пренесени зборовите на Микел Абрамович во разговор за англиските медиуми.
На крајот, тој не се одлучил за тој начин. Откако татко му во телефонски разговор му рекол да им го даде на киднаперите тоа што сакаат бидејќи го тепале и му се заканувале дека ќе го убијат, тој решил вторпат да го плати откупот.
- Успеав да платам многу пари за татко ми да биде ослободен - изјави Микел, кој ја заврши својата играчка кариера во летото 2022 година.
FOTO: Youtube printscreen