На втор ден од Канскиот фестивал реагираше обезбедувањето: Сѐ заради ова

Полугола жена со испишано „сурогат“ на стомакот и нацртан бар-код беше совладана од обезбедувањето и исфрлена од премиерата на „Homecoming“.

Вториот ден од 76. Кански филмски фестивал беше одбележан со прикажување на бројни филмови. Меѓу другото, се одржа и премиерата на новиот филм на Педро Алмодовар „Strange Way od Life (Чуден начин на живот)“.

Покрај познатиот режисер, на црвениот тепих прошета и Итан Хок, кој ја толкува една од главните улоги во оваа продукција.

Фановите беа разочарани од фактот што другата ѕвезда на филмот „Strange Way of Live“ Педро Паскал не беше присутна на премиерата во Кан.

Покрај новиот филм на Алмодовар, беа прикажани и „Монструм“, „Homecoming (Враќање дома)“, „Анселм“ во режија на Вим Вендерс.

Сепак, еден инцидент се случи на вториот ден од фестивалот во Кан. Една полугола жена, со испишано „сурогат“ на стомакот и нацртан бар-код, беше совладана од обезбедувањето и исфрлена од премиерата на „Враќање дома“.

Што се однесува до црвениот тепих, многу јавни личности прошетаа вториот ден од Канскиот филмски фестивал, како манекенката Сара Сампајо, актерката Виола Дејвис и други.


Фото: Youtube - screenhsoot