НАБАВКА ВРЕДНА 250 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Еве кој ја купи музиката на Дејвид Боуви
Издавачката филијала на Warner Music Group го купи комплетниот каталог на починатиот британски музичар Дејвид Боуви, во кој се вклучени и хитовите „Heroes“ и „Let's Play“.
Боуви почина во 2016 година на 69-годишна возраст.
Договорот меѓу Боуви фондот и „Ворнер мјузик“ вклучува музика од 26 студиски албуми издадени за време на животот на славниот музичар, вклучувајќи го и неговиот постхумен албум „Тој“.
„Ворнер мјузик“ не ги објави финансиските услови на договорот, но запознаен со трансакцијата наведува дека набавката е вредна околу 250 милиони долари.
Боуви имал водечка улога пет децении во светот на поп-музиката. Боуви е широко признат како иноватор, особено за неговата работа во 70-тите, и познат по неговиот специфичен глас и интелектуалната длабочина во работата. Боуви за првпат допрел до јавноста во јули 1969 година, кога неговата песна „Space Oddity“ ја достигнал англиската топ 5 список на синглови. По тригодишен период на експериментирање, тој повторно се појавил во 1972 година за време на гламурозната рок ера со темпераментното, андрогено второ „јас” Зиги Стардаст, предводен од хит-синглот „Starman“ и албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“. Влијанието на Боуви во тоа време, како што е опишано од биографот Дејвид Бакли, ги предизвикало основните верувања на рок-музиката на негово време и го создаде можеби најголемиот култ на поп-културата. Релатвно краткиот живот на личноста Зиги покажала само еден дел од кариера, одбележана со континуирана реинвенција, музичка иновација и впечатлива визуелна презентација.
Во 1975 година, Боуви го достигнал најголемиот успех во Америка со број еден синглот „Fame“, напишан заедно со Џон Ленон, и со хит-албумот „Young Americans“, кој го карактеризира пејачот како „пластична душа“. Музиката покажала радикална промена во стилот, и отпрвин отуѓила многу од неговите англиски приврзаници. Потоа тој ги збунил очекувањата на неговата издавачка куќа и неговата американска публика со снимањето на минималистичкиот албум „Low“ (1977 година) - првиот од трите соработувања со Брајан Ено во наредните две години. Сите три албуми од таканаречената „Berlin Trilogy“ стигнале на англиската топ 5 листа и заработиле трајни критички пофалби.
По нееднаквиот комерцијален успех во доцните 70-ти, Боуви го добил англискиот број 1 со синглот од 1980-та „Ashes to Ashes“ и моменталниот албум, „Scary Monsters (and Super Creeps)“. Тој се здружил со групата „Queen“ за изработка на број 1 хитот во Англија „Under Pressure“ од 1981 година, а потоа достигнал нов комерцијален врв во 1983 со албумот „Let`s Dance”, во кој се наоѓаат песните „Let`s Dance“, „China Girl“, and „Modern Love“. Во текот на 90-те и 2000-те, Боуви продолжил со експериментирање во музичките стилови, вклучувајќи blue-eyed soul, industrial, adult contemporary, и jungle стил. Неговиот последен снимен албум бил „Reality“ (во 2003 година), којшто бил поддржан со Reality-турнејата (2003 - 2004 година).
Биографот Дејвид Бакли изјавил за Боуви: „Неговото влијание бил уникатно во поп-културата - тој ограничи и измени повеќе животи отколку која било споредлива фигура“. Во анкетата на БиБиСи од 2002 година за 100 најдобри Британци, Боуви бил на 29-то место. За време на неговата кариера, тој продал 136 милиони примероци од неговите албуми. Во Англија му биле доделени 9 платинести сертификати за албумите, 11 златни и 8 сребрени, а во Америка 5 платинести и 7 златни сертификати. Во 2004 година се пласирал на 39-то место на списокот на списанието „Ролинг Стоун“ на 100 најдобри артисти на сите времиња, и на 23-то на списокот на најдобри пејачи на сите времиња.