Над 20.000.000 лајкови за новата фризура на Били Ајлиш: Убава трансформација

Зад Били Ајлиш се неколку успешни недели: прво нејзиниот документарен филм „Billie Eilish: The World's a Little Blurry“ прикажан на стриминг сервисот Apple TV+, а потоа за песната која ја напиша за филмот за Џејмс Бонд, „No Time To Die“, доби Греми.

За да го прослави сето ова, младата пејачка ја промени бојата на косата. Таа несекојдневна промена ја најави на Инстаграм.

Нејзината коса досега беше темна, со зелени прамени од време на време, но сега станува збор за апсолутна спротивност и Били сеге е русокоса. Изгледа  дека промената им се допадна на нејзините обожатели: за само 6 минути, фотографијата од нејзината нова фризура доби 1 милион лајкови. А, по 3 дена објавата има над 20.500.000 милиони лајкови.