Спорт // Спорт
Надал посилен од болките во стомакот и Американецот Фриц и стигна до полуфинале на Вимблдон
Шпанецот Рафаел Надал стигна во полуфиналето на Вимблдон иако имаше проблеми со стомакот и повреда, го совлада Американецот Тејлор Фриц со 3-2, по сетови 3:6,7:5,3:6,7:5,7:6.
Противник на Надал во полуфиналето е Ник Кирјос, тој беше подобар од Кристијан Гарин со 3-0.
Надал го победи Фриц и болките во стомакот, имаше и медицински тајмаут, но и покрај сите проблеми е во своето 38-мо полуфинале на Гренд слем турнирите.
Со ова се комплетирани полуфиналните двојки кај мажите, Надал-Кирјос и Ѓоковиќ-Нори а ќе се играат в петок.