Спорт // Спорт
Надал се откажа од Монтреал, морам да мислам само на една работа
Рафаел Надал го откажа настапот на АТП Мастерсот во Монтреал, еден од најдобрите тенисери поради болки во стомачните мускули, официјално нема да настапи на овој престижен турнир од серијата 1000.
„Бикот од Мајорка“ имаше проблеми и на Вимблдон каде го откажа полуфиналниот меч.
„Тренирав без да го форсирам сервисот, сè беше добро, но кога почнав да тренирам интензивно сервис, почувствував проблеми во стомакот. Разочаран сум, нема да настапам во Канада, еден од моите омилени турнири каде петпати имам победено. Во моментот мора да бидам мудар и да размислувам само моето здравје“, изјави Надал.