Надал тргна со победа и еден загубен сет во одбрана на титулата на Австралија Опен

Рафаел Надал го победи Џек Дрејпер од Велика Британија со 3-1, и со еден загубен сет ја започна одбраната на титулата на Австралија опен 2023.

Шпанецот вториот сет го загуби со 2-6, но потоа со сигурна игра стигна до победа по 3 часа и 43 минути игра.

На турнирот нема да настапи првиот на АТП, Карлос Алкараз, а се врати Новак Ѓоковиќ кој оди по својата десета титула на АО.