Награда за мојата Македонија: Агушев со светско признание

Престижната “German Record Critics”, го прогласи албумот на Џамбо Агушев за најдобар за 2020 година. Ова е огромно светско признание, а Агушев  објави на Фејсбук и ја сподели радосната вест со зборовите:

„Јас сум многу среќен, и сакам да ја споделам оваа прекрасна вест со сите вас, секако дека е награда за мојата Македонија, која и ја презентираме низ целиот свет. Мојот албум е повторно награден со престижната награда на „German Record Critics“ како најдобар албум на светот. 2020. Ви благодарам на сите за вашата неверојатна поддршка, што верувате во мене и мојот оркестар!“