Наградени најдобрите работници на „Sport Life“ за 2022 година
„Sport Life“ обложувалници, секоја година го наградуваат успехот и професионалното работење на своите вработени, па така и сега за најуспешните 60 вработени во 2022 година, беа доделени ваучери во износ од 12.000 денари коишто можат да ги искористат за одмор, патување или посета на спа-центри, за шопинг во многу продажни центри и за разни други услуги по нивна желба.
Најуспешните вработени се оценувани според определени критериуми базирани на учинокот на вработените во различни делови на работниот процес во текот на изминатата година, вклучувајќи го и нивното искуство и работен стаж во „Sport Life“.
„Sport Life“ е водечка компанија во областа на игрите на среќа и спортски обложувалници, која успешно работи повеќе од 20 години и постојано инвестира во развојот на вработените, преку обуки, тренинзи, стипендирање на студии и сл. За секој успех и напредок, предвидени се и редовни бонуси и награди како и можности за кариерно унапредување.
Грижата за вработените и развојот на тимскиот дух на „Sport Life“ тука не застанува, тие се градат и преку голем број други редовни активности кои придонесуваат за задоволството на нејзините вработени и успехот на компанијата – истакнуваат од „Sport Life“.
ПР објава