Најбезбедните земји: Ни Трета светска војна не би ги погодила
Последните неколку дена големо внимание предизвикуваат настаните во Сирија и реакциите на големите сили, како Америка и Русија.
„Индепендент“ во подготовките за војна отишол најдалеку, па составил листа од десет земји во кои би требало да се најдете ако избие војна. Листата се темели на "Global Peace" индексот од минатата години.
10. Ирска
Практикуваат воена неутралност, а на меѓународно поле е неутрална уште од 30-тите години од минатиот век. Доколку избие војна, веројатно би останала неутрална и сега.
9. Швајцарија
Нејзината неутралност трае уште од 1815. година. Од тогаш не учествувала во ниедна меѓународна војна, а нејзините планини се најдобра заштита од странските инвазии.
8. Словенија
Во случај на меѓународен конфликт, оваа земја има термални, соларни и хидроелектрични ресурси поради кои што ништо нема да и недостасува. "Independent" споменува дека во главно успеала да остане надвор од светските војни, па смета дека ќе биде така и во случај на трета светска војна.
7. Фиџи
Овој остров на југот на Тихиот океан географски е изолиран и затоа е прилично безбеден. Властите никогаш не се мешале во светските судири, токму поради нивната изолираност.
6. Данска
Иако би можела да биде вовлечена во судирите бидејќи е членка на НАТО, Данска има едно многу безбедно место - Гренланд.
5. Австрија
Уште една земја која е блиску до Балканот, а една од причините поради кои се нашла на оваа листа е тоа што е 45-та од 163. земји според индексот за мир.
4. Португалија
"Politico" ја нарекува оваа држава оаза на стабилноста. Екстремно десниот популизам во оваа земја не пронашол упориште уште од Втората светска војна.
3. Нов Зеланд
Повеќе од половина од својата електрична енергија ја добива од хидроелектраните, земјата е плодна, а нивите богати. Дури и целиот свет да го изолира, Нов Зеланд би имал доволно енергија за себе.
2. Канада
Канада се наоѓа на 8-то место според "Global Peace" индексот. Таа е една од најслабо инволвираните држави во војните ширум светот во последните децении.
1. Исланд
Прв е на листата според индексот за глобален мир, а покрај тоа, географски е оддалечен од другите земји кои би можеле да бидат вклучени во евентуален судир.