Најбогатиот човек на светот прв пат ја „провози“ својата луксузна јахта: Луѓето застануваа да се фотографираат
Фотографиите од јахтата укотвена во популарното турско летувалиште Дача наголемо кружи на Твитер, а приказната е дека американскиот милијардер за нејзе дал дури 400 милиони долари.
Супер - јахтата е долга 136 метри и може да прими до 22 гости, со 54 - те членови на екипажот. Има 36 кабини, вклучувајќи 11 ВИП кабини и четири палуби за брод, базен од 12 метри, писта за хеликоптер.
Безос не е виден на јахтата или барем не е фотографиран на неа.
Гласините дека јахтата припаѓа на Безос кружат од 2017 година, кога компанијата за изградба на јахтата Lurssen ја започнала работата на она што тогаш се нарекувало Project Redvood, односно градба на една од најголемите светски јахти, пишува Бизнис Инсајдер.
Турските медиуми први известија дека јахтата била укотвена крај брегот Дача.
Меѓутоа, оригиналните твитови во кои што стои дека јахтата припаѓа на Безос се набрзо избришани, заедно со фотографијата, но сликата од објавата и понатаму кружи на социјалните мрежи.
Тајмс пишува дека јахтата е завршена и запловила во 2019 година.
Џеф Безос не сака да потврди дали е тој сопственикот на јахтата.