Најчудното, но најздравото кафе на светот: Погодете од што се прави?
Тврдат дека ова многу необично кафе е најздравото на светот.
Верувале или не, кафето се прави од печурки и се вели дека е многу здраво.
Знаеме дека звучи лудо, но сопственикот на финската компанија која го произведува, Теро Исокаупила, тврди дека „лековитите печурки“ што ги користат ја подобруваат функцијата и продуктивноста на мозокот и нема никакви лоши последици.
Кафето се прави со варење и растворање на суви печурки мацутаке (најскапите печурки во светот), кои се претвораат во екстракт, а потоа се додаваат зрната кафе Арабика од Централна Америка. Значи, тоа е буквално кафе од печурки, односно мешавина од кафе и печурки.
Печурките мора прво да се сварат за да се ослободат сите хранливи и здрави состојки.
Инаку, според некои статистики, Финците пијат најмногу кафе по глава на жител - во просек три шолји дневно, но тоа придонесува за несоница и анксиозност, велат експертите.
Затоа решиле да го направат ова здраво кафе со печурки, кое ги нема овие лоши ефекти.
Теро вели дека печурките мацутаке всушност помагаат при несоница, па дури и ја подобруваат регулацијата на шеќерот во крвта.
Оние кои го пробале ова кафе велат дека е многу вкусно