Најдобaр е „тивкиот секс“: Еве кога е време за него

Во ситуација кога куќата е полна со луѓе, сексуалниот живот може да настрада, особено ако не сте доволно храбри и вешти да ги препуштите страстите во некое скриено катче...

Но, постојат и други начини освен гласно воздивнување да му покажете на партнерот колку уживате во тоа. Користете ги овие неколку трикови за да го зачините вашиот сексуален живот без да испуштате звук.

Која е совршената старосна разлика помеѓу партнерите?

Без брзање

Доколку се наоѓате во куќа полна со гости и роднини, ве советуваме да не брзате, односно овојпат да заборавите на брзиот секс бидејќи има големи шанси да срушите нешто или прегласно да ја треснате вратата и да го привлечете вниманието на домаќинството. Наместо тоа, договорете се за место и време за состанок (спална соба или бања) и изберете поза каде што нема премногу акција. Позицијата на лотос или лажица е идеална за тивок секс.

Знаци кои откриваат дека сте навистина добри во сексот

Дури и најдобрите кревети крцкаат кога некој ќе се препушти на нивните страсти. Затоа, заборавете на креветот и префрлете се на подот или доближете се до ѕидот доколку сакате да водите љубов стоејќи. Импровизирајте.

Покријте ја устата

Ако сакате да го зачините сексот, покријте си ја устата со дланка или уште подобро замолчете го партнерот со бакнеж. Комуницирајте со вашите очи. Кажете му со поглед колку добро му оди. Освен што ќе се замолчите еден со друг за да се осигурате дека никој не може да ве слушне, ова може да се претвори во жестока игра, па дури и да преземе елементи на доминација (ако и двајцата се согласувате, се разбира).

Фото:freepik