Најдобриот фраер во Европа покажа уште еднаш зошто жените „лудуваат“ по него: Видеото го гледаат и длабоко воздивнуваат (ВИДЕО)
Групата Манескин доживеа светска слава, а сите знаеме дека започна со Евровизија. Меѓутоа, она што тогаш не го знаевме е дека жените ширум светот до толкава мера ќе се навлечат на младиот италијански фронтмен.
Каде и да се појави, облечен како жена или маж, Дамијано предизвикува мешаница.
Така е и со најновата реклама каде тој е заштитно лице.
Иако акцентот треба да се стави на најновиот автомобил, кој е еден од симболите на луксузот и миленик на богатите и славните, никој, апсолутно никој не го забележал автомобилот.
Ако „Масерати“ сметаше дека е добар потег да го покани Дамијано за најновата кампања посветена на новата ера на брендот и лансирањето на целосно електрични модели на автомобили на пазарот, од една страна можеме да се согласиме дека тоа е така.
Ќе добие безброј прегледи и многу внимание, но ако сакале автомобилот да биде ѕвезда, требало да изберат некој друг, бидејќи никој не може да дели кадар со најпосакуваното момче во Европа и да биде забележан.
Фото: Инстаграм
Извор:Zena.blic.rs