Најдобриот начин за да си го спакувате куферот
Пакувањето е најлошиот дел од секое патување.
Ако секој пат
мачите мака со вашите куфери, тогаш не грижете се, бидејќи ќе ви покажеме супер
финта, која ќе ви овозможи да се спакувате многу брзо. Пакувањето е
комплицирано од повеќе причини. Прво, пакувањето обично одзема многу време,
друго, работите кои ги пакуваме секогаш се изгужвани и трето, во ниту еден
куфер не собира онолку работи, колку ние сакаме.
Меѓутоа, со овој начин на пакување, вашето пакување ќе биде брзо, ефикасно и забавно, а вашите работи ќе бидат перфектно сочувани и точно ќе знаете што каде се наоѓа.
Станува збор за посебна техника на мотање, која бара од вас сите парчиња облека да ги замотате и така да ги спакувате во куферот. Кога облеката е замотана, таа не се гужва, лесно се сортира и уште полесно се пакува. На овој начин сите ваши работи ќе бидат видливи и лесно ќе можете да ги извадите од куферот, без комплетно распакување.
Во прилог следи видео со демонстрација за тоа како да се спакувате токму на овој начин. Можеби на почетокот ќе ви делува малку комплицирано, но верувајте дека многу брзо ќе се научите.