Најдобриот нов парфем за 2021 година: Создаден од рози, мириса сензуално
Доколку барате нов парфем оваа сезона, од помош би можел да ви биде изборот на најдобрите машки парфеми на познатиот магазин Marie Claire.
Девет години по ред, магазинот Marie Claire со своите дваесет и пет меѓународни изданија организира избор на најдобри машки и женски парфеми. На овогодинешниот „натпревар“ ова е најдобриот машки парфеми за 2021 година во чиј мирис сигурно ќе уживате.
L'Homme A la Rose во превод значи „роза за мажи“, што претставува уникатен (и неочекуван) нов парфем заснован на акорд од роза, создаден од Френсис Куркџијан за да ги поттикне и интригира мажите да ги прифатат мирисите на овој кралски цвет. Парфемот содржи ноти на грејпфрут, килибар, дамаск и роза centifolia, чија мешавина се трансформира во лесен, воздушен мирис - оној што ја дефинира модерната мажественост.
Во првите неколку секунди, многу свежи, зелени, заживувачки ноти во комбинација со акорди од грејпфрут и суштината роза даваат чувство на жива виталност. Потоа доаѓаат централните ноти на роза centifolia и многу лесен дрвенест акорд, постепено зајакнат со килибарни ноти кои носат сила и влијание на сензуалност.