Најдобриот оглас за работа за кој зборува целиот свет

Дали некој посака работа од соништата?

Британската компанија. „Hush Hush“, луксузен online пазар, која сама се нарече „Амазон за милијардери“ го нуди она што многу го нарекуваат најдоброто работно место на светот. Ако го погледнете описот за оваа работа, веруваме дека и вие ќе сакате да им се придружите.

За околу 95.000 долари, вие можете да станете тестер на луксузни производи со полно работно време за оваа компанија. Ќе патувате ширум светот, ќе пробувате нови производи и искуства наменети за најбогатите луѓе на планетата, пред тие воопшто да излезат на пазарот.

Некои од обврските што се наоѓаат на листата на задолженија вклучуваат посета на замок на француската ривиера, вреден 62 милиони долари, саат вреден 40 милиони долари, флота од приватни јахти и повеќе приватни авиони отколку што Ричард Бренстон може да си дозволи да купи. Ако бидете ангажирани, ќе мора да отпатувате на неколку приватни острови, да поминете некое време таму, а потоа да напишете извеѓтај за овие луксузи и услуги кои се во понудата.

Со оглед на тоа што не постои факултет наменат за тестирање на луксузни производи, тешко е да се каже кој кариерен пат треба да го изберете за да се квалификувате за оваа позиција. Веруваме дека изобилството од оброци со кавијар и шампањ во комбинација со добро задржан фонд не можат да ви штетат во вашата биографија.

Самата понуда е навистина нејасна. „Успешниот кандидат“, како што стои во листата на сајтот, „ќе мора да ги тестира производите за да го провери нивниот стил, комфор, перформанси и погодности за сајтот, внесувајќи темелен извештај за секој од нив“.

Според тоа, „потенцијалните кандидати мора да имаат страст кон патувањата, уметноста и модата, мора да имаат око за детали и да ги ценат добрите работи во животот“.

Дали и вие ја посакувате оваа работа?