Најдобрите совети на мултимилионерот: Многу паметно
Гари Вајнеркук е познат американски претприемач, кој четири пати ја доби титулата најпродаван автор од New York Times.
Тој ги објави своите три правила до кои и вие ќе сакате да се придржувате.
1. Семејството е на прво место
Работите кои не можете да ги купите со пари се на прво место, а тука спаѓа семејството.
Луѓето кои имаат поддршка зад себе ќе стигнат многу подалеку од другите.
2. Дајте сè од себе
Гари смета дека мора да ја победите својата конкуренција. Тој повеќе од деценија секој ден работел по 12 часа. Иако никој нема да ви каже „благодарам“, сепак работете затоа што само така ќе стигнете во височините. Ако сакате да постигнете повеќе од другите, мора да работите повеќе од нив. Повеќето луѓе ја добиваат својата животна награда. Не ја работете работата само колку да ја задржите, туку дајте го најдоброто од себе.
3. Следете ја својата страст
Работете го она што го сакате и ќе бидете задоволни. Многу луѓе се на некои позиции само заради пари.