Најдобрите вежби за гради што можете да ги правите дома

Најдобрата вежба за создавање масивни и силни гради е бенч клупата, но сигурни сме дека малкумина од вас имаат таква дома...

Вежбите за гради се неопходни ако сакате да имате добро изградено и силно тело. Меѓутоа, ако не тренирате во теретана, тогаш ќе биде доста проблематично да ги активирате овие мускули без тегови и опрема како што е клупата. Огромен број луѓе тренираат дома, првенствено правејќи вежби со телесна тежина, при што не користат никаква друга опрема.

Затоа решивме да ви покажеме вежби и одличен тренинг за гради што можете да го правите во приватноста на вашиот дом. Овој тренинг ни го покажа познатиот фитнес инструктор и Јутјубер Џон Крис Херија, кој ни покажа дури 8 различни вежби.

Сите вежби се прават континуирано и во основа се само варијации на склекови. Склековите се најдобрата вежба за гради што се прави без тегови, а овие варијации ќе ви помогнат да ги активирате сите мускули во градите и да ги зајакнете и зголемите за краток временски период.

Погледнете го видео клипот и вежбите што треба да ги направите: