Најдолговечните луѓе ги јадат овие три намирници за ужина: Тие го продолжуваат животот, велат лекарите

Тие јадат веднаш штом се гладни и затоа имаат пониско ниво на холестерол, помалку воспаленија и нормален крвен притисок

Стогодишниците имаат здрави навики. Колку што генетиката игра улога во животниот век, истражувањата открија дека не треба да се занемаруваат ниту вежбањето, нивото на стрес и исхраната.

Најдолговечните луѓе никогаш не го прескокнуваат појадокот и секогаш користат едно правило во првиот оброк во денот. Меѓутоа, кога ќе огладне, ужината е тука за да го измами гладот.

Еве што јадат тогаш:

Јаткасти плодови

Според многу истражувања, луѓето кои секојдневно јадат јаткасти плодови имаат подолг животен век, пониски нивоа на холестерол, помалку воспаленија и понизок крвен притисок од оние кои не ги јадат често. Јаткастите плодови се вистинска ризница на витамини, минерали и хранливи материи. Тие содржат калциум, калиум, магнезиум, железо, фосфор и други минерали.

„American Journal of Lifestyle Medicine“ наведува дека исхраната на најстарите луѓе се базира на растенија, додека месото е само за повремено уживање. Ова е причината зошто најдолговечните луѓе консумираат јаткасти плодови и маслиново масло.

Банани

Бананите се богати со калиум, витамин Ц и растителни влакна. Конзумирањето доволно влакна во текот на денот е клучен дел од здравата исхрана. Влакната го намалуваат ризикот од дијабетес, го подобруваат здравјето на срцето, па дури и го намалуваат ризикот од некои видови рак.

Кафе

Омилениот пијалок на многумина се вбројува меѓу основната храна во најздравите заедници во светот. Важно е како се пие кафето. Стогодишниците најчесто го пијат црно, без шеќер и млеко. Ова помага да се спречи преоптоварување со шеќер.

Фото:freepik