Најефикасниот третман досега: Како да направите вашата коса да биде погуста?

Огромен број мажи имаат проблем со ретката и слаба коса ...

После 30-тата година, голем број мажи почнуваат да ја губат косата и да имаат проблеми со ретка и слаба коса. Ова претставува сериозен проблем за многумина, бидејќи така мажите ја губат својата самодоверба и престануваат да работат на себе. Многу луѓе мислат дека со губењето на косата ја губат и нивната љубовна кариера и мислат дека така стануваат грди и непривлечни.

Токму ова е причината зошто препаратите за третман против губење на косата и засилувачите на раст на косата стануваат сè попопуларни. Сепак, се јавува проблем при изборот. Кој препарат да се купи и дали е навистиан добар? Иако, некои производи навистина се докажаа дека ја подобруваат косата во основата на вашиот скалп, сепак ве советуваме да купите рицинусово масло во првата аптека, бидејќи ова масло е вистински мелем за коса.

Бројни студии покажале дека рицинусово масло го подобрува растот на косата, па дури и доведува до раст на нови влакна, кои порано не постоеле.

Рицинусово масло е доста користено за козметички цели, а најмногу заради неговата висока содржина на витамин Е и рицинусна киселина. Главната карактеристика на ова масло е неговата мала молекуларна тежина, што му овозможува лесно и брзо да продре во кожата. Рицинусово масло лесно стигнува до коренот на косата, го регенерира и го забрзува растот, така што по некое одредено време сигурно ќе ви се обнови косата, која воедно ќе стане посилна и погуста.


Ова масло треба да го нанесувате на следниов начин:

Ставете мала количина од маслото на дланките и истријте ги прстите од темето на главата. Масирајте ја главата со маслото најмалку 10 минути. Кога ќе завршите со масирањето, оставете го маслото да се впие во темето на вашата глава најмалку половина час. После тоа, измијте ја косата нормално и повторувајте ја оваа постапка секој ден. За миење на косата, користете послаби шампони кои нема да влијаат на маслото и ќе му овозможат на рицинусот да навлезе длабоко во темето на главата.

Кога ќе забележите дека густината на вашата коса се здебелува и подобрува, може да престанете да го применувате овој третман редовно, но обидете се да го повторите процесот од време на време за секогаш да имате сјајна коса.