Најголем број на заразени досега: Во Хрватска нови 369 лица позитивни на ковид-19

Во последното деноноќие, во Хрватска има регистрирано најголем број на новозаразени лица со коронавирус, нови 369 пациенти, односно 2.634 активни случаи. Три лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Од новодијагностицираните пациенти 269 се наоѓаат во болница, од кои 15 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска, до денес, вкупно 11.094 лица се заразени, 194 починале, а 8.266 оздравеле.


Фото: Depositphotos