Најголемата е-книжарница www.literatura.mk слави роденден со подароци за читателите
Со подароци за читателите, вредносни ваучери и книги, најголемата е-книжарница кај нас www.literatura.mk го прославува својот прв роденден. Со регистрација на https://www.literatura.mk/registracija, посетителите на веб-продавницата до 12 јули можат да се пријават и да станат потенцијални добитници на некој од подароците.Во текот на прославата ќе бидат доделени вредносни ваучери, секој ден се подарува книга, а на 12.07, точно во 12:07 часот, ќе биде објавен добитникот на главниот подарок.
Онлајн-книжарницата на „Литература.мк“, која постои повеќе од 12 години, минатата година на 12 јули го доби својот нов дизајн и стана најголемата е-книжарница во државата. Со новата понуда, www.literatura.mk стана повеќе од книжарница со 8.000 книги од над 60 издавачки куќи и повеќе 15.000 производи од 80-тина брендови. Покрај книгите, застапени се подароци, дизајнерски додатоци за домот и канцеларијата, играчки, едукативни, арт и колекционерски производи и школска опрема.
Кон крајот на минатата година, веб-шопот на „Литература.мк“ се спои со „КупиКнига.мк“ во една е-книжарница. И двете е-книжарници, кои досега беа најпосетуваните интернет-страници за купување книги кај нас, продолжија да работат на заедничката веб-адреса www.literatura.mk, со што „Литература.мк“ го задржа статусот на најголемата македонска е-книжарница. Со ова, www.literatura.mk останува прв избор за купување книги, со најголем и најдобра понуда, најдобро корисничко искуство и најпрофесионална грижа за сите читатели во нашата држава.
„Литература.мк“ е веќе добро препознатлив синџир книжарници, со физичка продажба на улицата „Македонија“, во „Дајмонд мол“, „Сити мол“, „Ист гејт“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје, како и на Широк сокак во Битола и во центарот на Струмица.
ПР објава