Најголемиот и господинот посебен: Трогателна средба меѓу Ѓоковиќ и Мурињо во Рим (ВИДЕО)
Еден од најдобрите тренери на сите времиња, Жозе Мурињо, беше специјален гостин на мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Томаш Ечеверрија во мечот од
второто коло на Мастерсот во Рим.
Португалецот пред натпреварот дојде на „Форо Италико“ да се поздрави со Новак Ѓоковиќ.
Трогателен беше моментот кога Мурињо му пријде на Новак, кој од почит ја симна капата, по што следеше прегратка. Португалецот нешто му шепна на Ѓоковиќ и го галеше по лицето.
The World No. meets the Special #IBI23 | @DjokerNole | @OfficialASRoma pic.twitter.com/70oFHJsNaW
— Internazionali BNL d'Italia (@InteBNLdItalia) May 12, 2023
Инаку, Мурињо во живо ја следеше средбата на светскиот тенисер број еден и младиот Аргентинец.
Господинот посебен синоќа со својата Рома направи чекор кон финалето на Лига Европа со победата против Баер Леверкузен.
Фото и Видео: Твитер