Најголемиот скандал на Белата куќа станува серија: „Американска крими приказна“ ќе снима за аферата Клинтон-Левински
Моника Левински ќе биде главниот продуцент на серијата која идниот септември ќе се прикажува на малите екрани.
После две успешни
сезони, третото продолжение на серијата „Американска крими приказна“ и ќе се
зборува за Бил Клинтон и неговата афера со Моника Левински.
Бини Филдстајн ќе ја глуми Моника, а Сара Полсон ќе ја глуми Лина Трип, жената која тајно снимала и ги разоткрила исповедите на Левински за скандалозната афера во 1988 година. Се уште не се знае кој ќе ја глуми Хилари Клинтон, сопругата на бившиот претседател на САД.
Сезоната ќе биде базирана по книгата на Џефри Тубин „A Vast Conspiracy: The Real Story of the Sex Scandal That Nearly Brought Down a President”.
Снимањето че започне во февруари следната година, додека премиерата е закажана на 27 септември 2020 година на „FOX“ каналот, а како што се зборува, еден од продуцентите ќе биде и самата Моника Левински.
„Се размислував и всушност бев малку уплашена да прифатам да бидам главен продуцент на оваа серија. Но, после долги разговори со режисерот Рајан Марфи, сфатив колку е тој посветен да им мсе каже вистината на луѓето со маргини. Луѓето зборуваат и ја превртуваат мојата приказна со децении“.
Таа додаде дека она што и се случило не е само нејзин проблем.
„Моќните луѓе, најчесто мажите, ги искористуваат своите „потрчковци“ на безброј начини и така било отсекогаш. Многу ќе се уверат дека ова е една таква приказна и од таа причина овој наратив е безвремен“ – истакна таа.