Најгрдата зграда на светот се наоѓа во Приштина, а луѓето не можат да се начудат: Предизвикува вознемиреност и хаварија во глава уште на прв поглед
Фото насловна: Youtube - screenshoot
И додека за повеќето жители на просторот на поранешна Југославија, бруталистичката архитектура е доста вообичаена и нешто со кое се среќаваме секојдневно, за остатокот од светот тоа е феномен од ваков вид кој не престанува да ги интригира. Величествените бетонски згради истовремено ги одбиваат и воодушевуваат странците, оставајќи ги збунети и со измешани впечатоци.
Брутализмот е стил кој произлезе од модерната архитектура, а се развиваше во периодот помеѓу 50-тите и 70-тите години на минатиот век, но во поранешна Југославија овој архитектонски правец остана многу подолго. Зградите во овој стил обично се монументални и се карактеризираат со изразена геометрија и употреба на темни, груби материјали како бетон, стакло, челик и камен.
Бруталистичката архитектура беше особено популарна во европските комунистички земји, меѓу кои беше и Југославија, а и денес ова наследство ги бои Србија и земјите од регионот. Зградите во овој стил постојано се среќаваат со поделени мислења, а додека некои ги сметаат за ремек-дела на архитектурата, многумина без размислување ги сметаат за меѓу најгрдите градби во светот.
Националната библиотека на Косово – една од најгрдите згради во светот?!
Една од зградите која официјално се најде на листата на најгрди на планетата е Националната и универзитетска библиотека на Косово во Приштина. Имено, оваа зграда два пати завршила на не толку ласкави листи на најгрди згради ширум светот. За прв пат во 2009 година го зазеде деветтото место на листата составена од корисниците на сајтот „Virtualtourist.com“, а по втор пат во 2011 година британскиот „Телеграф“ го рангираше на третото место на листата на 21 најмногу неатрактивни згради во светот.
Националната библиотека на Косово се наоѓа во центарот на Приштина и официјално е завршена и отворена во 1982 година, а е проектирана од хрватскиот архитект Андрија Мутњаковиќ. Кога Мутњаковиќ добил задача да ја дизајнира библиотеката, тензијата меѓу албанското и српското население на Косово веќе била опиплива, па тој барал симбол кој би можел да ги задоволи двете страни.
Тој се определил за коцката и куполата, како заеднички карактеристики на отоманскиот и византискиот архитектонски стил што го дефинирале изгледот на целиот регион. Сепак, и денес највпечатливите куполи на оваа зграда се направени од плексиглас, од кои има вкупно 74, а за кои се вели дека го претставуваат кечето, традиционална албанска капа. Сепак, тоа не е официјално потврдено, а има и такви кои сметаат дека овие куполи треба да се поврзат со мозокот. Покрај куполите, впечатливо е и тоа што целата зграда е покриена со метална конструкција која наликува на мрежа но наликува и на саќе. Многумина ја споредија оваа библиотека со искривен тетрис и видео играта Minecraft, поради фактот што таа се состои од низа коцки единици кои се поврзуваат во една единица.
Коментарите на социјалните мрежи се бројни и разновидни, а иако не се согласуваат сите дека ова е најгрдата зграда на светот, сите се согласуваат дека е најбизарната.
„Перверзно грдо здание и ова е без сомнение една од најчудните градби што некогаш ќе ги видите, но секако единствена“, „Длабоко непријатна градба, но разбирам зошто некои ја гледаат како убава“, „Одвратно“, „Мене ми е многу интересна, а не грда“се само дел од коментарите на љубителите на архитектурата на форумот „Редит“.
Фото: Инстаграм
Видео: Youtube